Адеми максимално од првиот репрезентативен тренинг (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми дефинитивно ќе биде на располагање на стручниот штаб за престојните квалификациски натпревари за пласман на ЕП 2020.

Доколку не биде во комбинација за првиот меч против Израел во Бер Шева, Адеми се очекува да биде во стартниот состав на националниот тим на дуелот против Летонија во Рига. Адеми денеска се појави и на првиот репрезентативен тренинг најавувајќи дека се очекува комплетно негово опоравување за престојните натпревари.

Македонија единствениот тренинг во Скопје го одработи во некомплетен состав со оглед на фактот дека дел од репрезентативците ќе допатуваат директно во Израел. Утре во утринските часови репрезентацијата патува за Израел…

 

 

Се вчитува...