Адеми на четвртото место по првиот круг за „најдобар играч во Хрватска во последните 50 години“

Според анкета спроведена од „Вечерњи лист“, Аријан Адеми влезе во вториот круг во изборот на најдобар играч во Хрватска во последните 50 години. Адеми во првиот круг заврши како четвртопласиран со освоени 5,62% од гласовите. На првото место, односно 52,4% од гласовите освои Лука Модриќ.

Пред Адеми се уште и Давор Шукер и Робер Просинечки.

„Благодарам до новинарите кои ме ставија на листата на 50 најдобри играчи во последните 50 години во Хрватска. Драго ми е што го минав првиот круг и што влегов меѓу 25 најдобри“, рече Адеми.

Покрај овие четири играчи, во вториот круг влегоа и Бобан, Бокшиќ, Иван Гудељ, Нико Ковач, Златко и Нико Кранјчар, Манџукиќ, Вујовиќ, Зајец…

Се вчитува...