Адеми на удар од хрватската јавност: Зема 700.000 евра, а не се согласува на намалување на платата

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми се најде на жесток удар од хрватските медиуми откако беше објавено дека тој и неговите соиграчи не се согласуваат на намалување на платата во Динамо Загреб поради финансиските проблеми предизвикани од коронавирусот.

Коментаторот на „Вечерњи“ со жестока критика, пред се кон Адеми, кого го посочува како централна фигура која можела да ги наговори соиграчите да го прифатат овој чекор.

„Покажаа дека живеат во светот на милионите, дека немаат реална слика на хрватската реалност во која работничките на благајна овие денови ризикуваат со коронавирусот за 400 евра месечно, во која полицајци и пожарникари работат за срамни 700 евра. Затоа што тоа на фудбалерите на Динамо, кои заработуваат по 200.000 евра па се до 700.000 евра годишно, како на пример капитенот Аријан Адеми, таа идеја не им се допаѓала“ – пишува коментаторот на „Вечерњи“, Карло Ледински и дополнува:

„Посебно морал нема кај капитенот Аријан Адеми, затоа што како шеф на сината соблекувална и тоа како може да ги наговори соиграчите да се согласат на разумно намалување на платите. Мора тој ист Адеми да се сети на моментот кога поради допинг беше суспендиран на четири години (подоцна казната намалена на две години), а клупските челници во истиот момент рекоа: Аријан е наш капитен, ќе добива согласно договорот низ сите четири години од суспензијата’“.

Сериозни критики на име на Адеми иако, во секој случај, звучи до крај не баш за верување дека македонскиот репрезентативец, познат по исклучителната коректност и верност на Динамо изминатиов период кога покрај бројните богати понуди за продолжување на кариерата одбра да остане во Загреб, така категорично одлучил да одбие секаков предлог од раководството на Динамо Загреб.

Се вчитува...