Адеми: Навивав од дома за Македонија… Многу сум среќен, но и горд за тоа што го направивме

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Аријан Адеми не можеше да им помогне на соиграчите во последните два квалификациски натпревари за пласман на Светското првенство во Катар поради повреда.

Сепак, тој вели дека навивал од дома за своите браќа од репрезентацијата и дека е посебно среќен, но и горд за големиот успех кој успеаја да го направат.

„Навивав од дома, бев пресреќен како заврши натпреварот. Не само што сум среќен туку сум и многу горд. Голема работа е тоа за цела Македонија. Не знам како ќе го објаснам сето ова што ни се случува. Но, кога ќе ја видите репрезентацијата, ќе видите дека во ростерот има многу квалитетни фудбалери кои играат во силните европски клубови. Да, ги имало и претходно, но никогаш немало вакви резултати. Веројатно сега по сите тие години конечно успеа се да „кликне“, изјави Адеми. 

Македонија на 26. ноември ќе го дознае противникот во баражот.

Се вчитува...