Адеми: Не ги сакам приказните дека јас сум недостасувал на Динамо

Капитенот на Динамо Загреб и македонски репрезентативец Аријан Адеми, денеска на прес-конференција го најави натпреварот со Генк во рамките од Лигата на Европа кој се игра утре на „Максимир“.

Адеми се врати во тимот по речиси два месеци пауза, откако се повреди на натпреварот Македонија – Германија, а сега е подготвен да истрча и во првите 11.

„Знаеме колку Генк е квалитетен тим, го почувствувавме тоа во Белгија. Резултатот не беше реален, имаа и тие добри шанси. Знаеме што не очекува. Јас бев надвор од теренот речиси два месеци. Секогаш е тешко кога не сум на теренот, а Динамо во меѓувреме изгледаше одлично. Не користевме премногу шанси, па резултатите не беа на нивото согласно на нашата игра. Доста се потенцира како јас сум недостасувал на тимот, но секој играч кој нема да биде на располагање недостасува на екипата. И јас, и Чоп и сите други момци, така што не ги сакам тие приказни дека јас сум недостасувал на Динамо. Екипата победува, екипата и губи“, изјави Адеми.

Тој кажа дека во Динамо секој натпревар носи притисок, и дека екипата има искуство да се носи со тој притисок.

Се вчитува...