Адеми: Не се важни моите голови, важни се победите на Динамо

Расте цената на Аријан Адеми по неговото одлично издание на синоќешниот натпревар за Динамо Загреб во 2. квалификациско коло за ЛШ во кој неговиот тим славеа убедливо со 5-0 против израелскиот шампион Хапоел Бер Шева.

Македонскиот репрезентативец учествуваше со два погодоци во триумфот. Но, за него тоа е најмалку важно…

„Апсолутно не се важни моите погодоци, но секако само победите на Динамо Загреб. Ако ме прашувате дали очекувавме вака убедлива победа, ќе ви кажам само дека напорно работевме и верувавме во своите квалитети. Но, не треба да има опуштање затоа што не чека уште еден натпревар. Треба да го потврдиме квалитетот и да покажаме дека овој тим знае што сака“ – вели Адеми.

По синоќешната претстава, сега цената за Адеми која ќе мора да ја плати Лил доколку го сака во своите редови расте.Французите претходно се согласиле да исплатат 5 милиони евра за македонскиот фудбалер.

Се вчитува...