Адеми: Не славевме многу, знаеме што не чека во Португалија

Аријан Адеми уште еднаш покажа колку е значаен во играта на македонскиот национален тим, капитенот на Динамо Загреб стисна заби и иако не беше стопроцентно подготвен се појави во стартниот тим против Италија.

Скромен како и секогаш, Адеми истакна дека на триумфот на Македонија не смее да се гледа на сензација, откривајќи и дека прославата на големиот триумф не траела премногу долго.

„Во ред, ја победивме Италија, но јас не гледам на тоа како на супер-сензација. Јасно ми е како одекна во светот на фудбалот, но исто така треба да биде јасно дека веќе не постојат слаби репрезентации. Затоа не ми се допаѓа како се претставува нашиот триумф, страшно изненадување, светска сензација… ова е време во кое секој може да победи секого, ние го докажавме тоа. Немаше големо славје во Палермо. Секако, бевме еуфорични во соблекувалната, се веселевме, но се заврши таму. Пред нас е мечот со Португалија, знаеме што не чека во Порто и максимално сме фокусирани. Италијанците беа шокирани по мечот, но останаа господа до крајот, нивните навивачи со аплаузи ја испратија нашата репрезентација“, истакна Адеми.

Големиот борец ја искористи можноста и за фотографија со неговиот фудбалски идол, Даниеле де Роси, екс-капитенот на Рома кој сега беше дел од стручниот штаб на Роберто Манчини во италијанската репрезентација.

Се вчитува...