Адеми: Не сум задоволен од формата во сезоната, но давав максимум на секој натпревар

Македонскиот интернационалец Аријан Адеми донесе титула за својот Динамо откако во победата од 1-0 над Осијек во 34. коло од хрватското првенство тој беше единствен стрелец. Со овие три бода загрепскиот клуб ја осигура потребната бодовна разлика пред Ријека.

Доскорешниот репрезентативец говореше за медиумите истакнувајќи го најтешкиот момент во сезоната, но и тоа дека не е задоволен од својата форма и покрај тоа што давал максимум на секој натпревар.

„Најтежок ми беше поразот од Локомотива. Се чувствувавме подготвени и во добра форма. Дојдовме на натпреварот и ни се удри од глава. Сега не можам да ви кажам како загубивме. Се чувствуваме моќно пред и во текот на натпреварот, но тешко е да се објасни што се случи во пет минути. Натпреварот отиде во друга насока“, се потсети Адеми кој во септември 2023 година се врати назад во Динамо Загреб од Кина.

„Искрено не сум задоволен од својата сезона. На секој натпреварот го давав максимумот, сакам да и помогнам на екипата. Морате да знаете дека не сум Петковиќ и нема да протвиникот да му ја протнам топката под нозе. Вие го гледате тоа на друг начин. Очекувате голови од мене, но промашив и доста зицери и со тоа не сум задоволен. Да ги постигнав, формата ќе беше одлична“

Се вчитува...