Адеми: Никогаш не зажалив што ја одбрав Македонија, тоа за мене беше правиот пат

Аријан Адеми, капитенот на Динамо Загреб и покрај тоа што репрезентативната кариера ја започна за Хрватска, неговиот роден крај, ја прифати понудата од Македонија на настап во „црвено-жолтиот“ дрес, а од дебито на 9. октомври 2014 година стана незаменлив дел од нашата репрезентација.

Говорејќи за хрватските медиуми, тој изјави дека во ниеден момент не зажалил за прифаќање на повикот, и оваа одлука на крајот се покажала како вистинска.

„Како дете често одев во Македонија и кога дојде повик немав проблем да го прифатам и да играм за македонската репрезентација. И никогаш не зажалив што го одбрав тој пат, зашто на крајот се покажа како супер, дека за мене тоа беше правиот пат. Знам дека често се бара виновник за тоа што не заиграв за Хрватска, но…“, изјави Адеми.

Играчот од средниот ред е познат по неговото лидерство на теренот и карактерот надвор од него, а љубовта кон Македонија ја докажа со настапите во клучните натпревари за пласман на првото големо натпреварување и покрај тоа што беше повреден.

Се вчитува...