Адеми: Одиме во групите од ЛШ

Македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо Загреб, Аријан Адеми вообичаено имаше квалитетен натпревар во првиот меч од плеј-оф рундата за влез во групната фаза од Лигата на шампионите. Динамо славеше со 2-0 против норвешки Розенборг на „Максимир“ па на реваншот патува со убава предност за остварување на целта.

Адеми имаше две убави можности да се запише и во листата на стрелците, но не успеа во тоа…

„Имавме навистина доста шанси, имав и јас, беше блиску, но ете… Продолжуваме понатаму, треба сериозна концентрација на реваншот и секако одиме во групите од Лигата на шампионите што е наша цел. Во Норвешка воопшто нема да биде лесно, навистина се добри од прекини и тоа го покажаа во второто полувреме. Но ние одигравме смирено и победнички го одведовме натпреварот до крај“ – истакна Адеми по синоќешната победа на „Максимир“.

Се вчитува...