Адеми: Ова е специјален момент за мене… благодарам Македонија!

Аријан Адеми не ги криеше емоциите од враќањето на фудбалот по две години пауза поради суспензијата од ФИФА. На најдобар можен начин се врати на терените, со деби погодок крунисувајќи го враќањето во националниот тим….

„Ова е специјален момент за мене кој го доживеав навистина премногу емотивно… Не бев апсолутно виновен за тоа што ми се случи и затоа сега и со солзи го прославив погодокот“ – ни изјави Адеми по дуелот, веднаш искажувајќи благодарност до селекторот за повикот и начинот на кој беше дочекан од репрезентативните соиграчи.

„Навистина сакам да се заблагодарам на селекторот Ангеловски кој веруваше во мене и ме повика и покрај тоа што бев надвор од терените. Сакам да се заблагодарам на Пандев и сите мои соиграчи од репрезентацијата кои ме дочекаа со отворено срце назад во селекцијата. Сакам да се заблагодарам на цела македонска спортска јавност и навивачите во Струмица. Сето тоа многу ми значи. Оваа репрезентација има срце, но има и квалитет за многу поголеми резултатски постигнувања од досегашните. Тоа го докажавме во Италија, а верувам ќе го докажеме и во следниот квалификациски циклус уште повеќе“.

Се вчитува...