Адеми повторно ќе игра во ЛШ со Динамо Загреб

Аријан Адеми во изминатата година одби бројни понуди од клубови ширум Европа, секогаш потенцирајќи ја желбата – да заигра со Динамо во Лигата на шампионите. Таа желба вечерва дефинитивно му се исполни, откако хрватскиот првак ремизираше 1-1 на гостувањето против Розенборг, па благодарение на победата во Загреб на првиот меч се пласираше меѓу 32-те најдобри клубови во Европа.

Мечот почна лошо за „модрите“ откако Розенборг веќе во 12. минута поведе со среќен погодок што го постигна Акинтола. Пред крајот на полувремето среќа имаше и Динамо, откако слободниот удар на еден домашен фудбалер заврши само во дирекот на немоќниот Ливаковиќ. Хрватскиот состав заигра подобро во вторите 45 минути, Адеми пропушти убава шанса по центаршутот на Олмо, а кога Гојак погоди во 70. минута стана јасно дека тоа е гол што го носи Динамо во групната фаза од ЛШ.

Се вчитува...