Адеми по завршувањето со Европа: Разочарани сме, но Динамо направи големи работи сезонава

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми не успеа со Динамо Загреб да обезбеди европска пролет откако „модрите“ загубија од Манчестер сити во одлучувачкиот натпревар околу групната разврска.

Динамо имаше и предност синоќа на „Максимир“, но Англичаните израмнија со контроверзен гол на Габриел Хесус. Адеми не го крие разочарувањето од неуспехот да се обезбеди европска пролет, но носи и револт во себе поради начинот на кој Сити го израмни резултатот.

„Секако, тешко ни е што испаднавме од Европа. Но, може да кажам дека сум среќен што сум дел од овој тим, кој е вистински тим, со вистински тренер… Направивме големи работи сезонава. Разочаран сум што не дојдовме до позитивен резултат против Сити, затоа што некоректно дојдоа до израмнување кога двајца наши фудбалери лежеа на терен. Но, таков е фудбал. Штета е што не продолживме понатаму. Ако се се анализира, треба да жалиме за тие два бода од мечот со Шахтјор дома. Тоа ни ја скрати од Европа“ – вели Адеми.

Се вчитува...