Адеми подготвен за борба: Да се плашев од Сити, ќе останев во Загреб

Аријан Адеми и Динамо Загреб приредија изненадување на стартот од Лигата на шампионите со убедливиот триумф над Аталанта, но хрватскиот првак денеска го очекува најтешкиот предизвик во групната фаза, гостувањето против Манчестер Сити. Сосема јасно е кој е фаворит, а кој е аутсајдер на овој натпревар, но Адеми смета дека нема потреба на противникот да се гледа со страв.

„Сосема сум мирен. Знаеме против кого играме, што ќе не очекува на теренот, но опуштени сме бидејќи немаме што да загубиме, а тогаш сме најопасни. Дали се плашам од Сити? Да се плашев ќе останев во Загреб. Подготвени сме за борба, јас сакам само една работа, ако веќе ја продаваме кожата во Манчестер, нека биде многу скапо“ – порачува македонскиот репрезентативец во пресрет на вечерашниот натпревар.

Најважно за „модрите“ ќе биде да се издржи почетниот притисок на „граѓаните“, но Адеми предупредува дека против себе хрватскиот првак ќе има тим

„Она што мораме да го направиме е да ги сведеме сопствените грешки на минимум, бидејќи Манчестер Сити е тим што го казнува секој „кикс“ на противниците. Почетокот е важен, но против себе ќе имаме тим што може да даде гол во било кој момент од 90-те минути“ – порача Аријан Адеми.

Се вчитува...