Адеми: Полн „Максимир“, триумф над Розенберг и влез во групите од ЛШ

Аријан Адеми може да биде и вториот македонски репрезентативец кој во новата натпреварувачка сезона ќе биде дел од елитната Лига на шампиони. Покрај Елиф Елмас со Наполи, Адеми има сериозна можност за влез во групната фаза од ЛШ ако во плеј-оф рундата со својот Динамо Загреб го елиминираат Розенборг.

Адеми уште по мечот со унгарски Ференцварош, на кој запиша гол и асистенција во убедливата победа од 0-4, се пожали на мала повреда. Болки чувствува, но како што вели ќе собере сили и вечерва од 21 часот на „Максимир“ да помогне Динамо да дојде до триумф против Розенборг.

„Има болки, но нема тоа да ме спречи да играм плеј-оф натпревар за влез во групите од Лигата на шампионите. Посакувам сам полн ‘Максимир’ и со поддршка од нашите навивачи да дојдеме до триумф кој ќе ни го олесни патот до толку посакуваната цел. Знаеме дека не чека тешка задача, но сакаме место во групите од ЛШ“ – вели Адеми.

И доколку не успее во ЛШ, Аријан Адемиј со Динамо Загреб имаат најмалку загарантиран настап во групната фаза од Лига Европа. Покрај Адеми и Елмас, во групите од ЛЕ ќе биде и Стефан Ристовски со Спортинг Лисабон, а европска есен бркаат и Дарко Велковски со Ријека и Стефан Спировски со Ференцварош.

Се вчитува...