Адеми позира со легендарниот дрес на Звонимир Бобан (фото)

Динамо Загреб денеска го пушти во продажба дресот на генерацијата од 1990 година, како втор од петте ретро-дресови што хрватскиот првак ќе им ги понуди на своите фанови во текот на оваа сезона.

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми како капитен на Динамо позираше и во овој дрес, што го носеше  легендарниот Звонимир Бобан на контроверзниот прекинат меч со Црвена Звезда на 13 мај 1990 година, на кој Бобан удри и милицаец, немири што според многумина значеа и најава на војната на просторите на поранешна Југославија.

Цената на овој дрес изнесува 449 куни (околу 60 евра).

Се вчитува...