Адеми: Против Беласица да се вратиме на победите

Шкупи ќе ја пречека Беласица во натпревар од 14. коло во Првата македонска фудбалска лига. Фудбалерот на тимот од Чаир, Илирид Адеми вели дека е време тимот да се врати на победите по трите нерешени во низа.

„Натпреварот против Беласица е прв за нас по трите меча на гостински терен во кои не триумфиравме. Тоа беа тешки натпревари со три тешки противници кои не ги загубивме. Против Беласица треба да се вратиме на победите и да го вратиме победничкиот менталитет како би биле што поблиску до врвот на табелата во шампионатот“, изјави Адеми за клупскиот сајт. 

Натпреварот меѓу Шкупи и Беласица е закажан за утре со почеток во 13 часот.

Се вчитува...