Англискиот фудбал завиен во црно: Почина поранешниот сопственик на Челси

Поранешниот сопственик и претседател на Челси, Кен Бејтс, почина на 95-годишна возраст. Веста ја потврди и лондонскиот клуб, кој со емотивна порака се збогува со човекот одговорен за еден од најголемите пресврти во неговата историја.

Бејтс го купи Челзи во 1982 година за симболична една фунта, во време кога клубот играше во втората лига на англискиот фудбал и беше на работ на финансиски колапс.

Во текот на повеќе од две децении на Стемфорд Бриџ, тој го модернизираше клубот и ги постави темелите за идните успеси. Кога го продаде Челси на Роман Абрамович во 2003 година за околу 140 милиони фунти, тој остави зад себе стабилен клуб кој брзо стана една од најголемите европски сили.

„Со голема тага ја споделуваме веста за смртта на поранешниот сопственик и претседател Кен Бејтс. Неговата решителност да се бори за Челзи во најтешките времиња и да го води клубот до освојување трофеи никогаш нема да биде заборавена.“, стои во објавата на лондонските „сини“. 

Се вчитува...