Ибрахимовиќ „удри“ по селекторот на Белгија: Срам да му е!

Откако Белгија беше елиминирана од Светското првенство од Шпанија (2-1) во четвртфиналето, Златан Ибрахимовиќ јавно ги критикуваше селекторот Руди Гарсија и неговиот стручен штаб. Белгија беше елиминирана од полуфиналето откако Микел Мерино го постигна победничкиот гол за Шпанија во 88-та минута. Голот дојде по голема грешка на голманот Сене Ламенс, кој мораше да влезе откако Тибо Куртоа се повреди.

Ибрахимовиќ , кој работеше како коментатор за „Фокс Спортс“ за време на Светското првенство, не го криеше своето неверие во одлуката на Гарсија да му даде шанса на голманот на Манчестер Јунајтед, додека Мајк Пендерс остана на клупата.

„Селекторот е одговорен за овој пораз. Тоа е одлука која ја чинеше Белгија пласман во полуфинале“, изјави Ибрахимовиќ и додаде:

„Зошто да го замени Куртоа со Ламенс, додека Пендерс е на клупата? Дали е тоа затоа што Ламенс игра во Манчестер Јунјатед, а Пендерс во Стразбур. Така не се бира голман на репрезентација“, изјави Ибрахимовиќ.

Но, Швеѓанецот не застана со критиките.

„Ламенс не е голамн за ова ниво. Тој е многу преценет, а Пендерс е многу подобар“, заклучи Ибра.

На крајот упати остра порака кон стручниот штаб.

„Се справија со оваа ситуација катастрофално. Срам да ви е вам, на селекторот и на тренерот на голманите“, вели Ибрахимовиќ.

Се вчитува...