Традиција која датира од 1982 година вели: Франција ќе игра во финалето на СП

Франција ќе игра против Шпанија во полуфиналето на овогодинешниот Мундијал. И, ако се има во предвид историскиот податок, тогаш ќе биде учесник во големото финале.

А, тој податок говори дека секогаш екипите на Интер и на Баерн Минхен имале преставници во финалето на Светското првенство, почнувајќи од 1982 година па наваму. А, оваа година тоа е можно само доколку Франција се пласира во финалето.

Олисе (Баерн) и Маркус Турам (Франција) се единствените кои играат во двата клуба, и кои може да стигнат до големото финале на Мундијалот. Дали ќе продолжи оваа традиција, или, пак, ќе биде урната останува да се види.

Се вчитува...