Адеми, Ристовски и Динамо З. чекор поблиску до нова титула во Хрватска (ВИДЕО)

Динамо Загреб славеше на домашен терен над Осијек со 3-0 во дерби натпреварот од 34. коло во Првата фудбалска лига на Хрватска. Со оваа победа „модрите“ се доближија чекор до нова титула во шампоонатот бидејќи во последните две кола ќе им биде доволна само една победа.

Водство од 1-0 за тимот од главниот град на Хрватска донесе Мислав Оршиќ во 34. минута на асистенција на Бруно Петковиќ. На 2-0 зголеми Спикиќ во 60. минута, додека конечните 3-0 ги постави Менало во 81.минута. И Аријан Адеми и Стефан Ристовски беа стартери за својот тим. Адеми беше заменет во 84. минута, додека Ристовски го одигра целиот меч.

GNK Dinamo Zagreb [1] – [0] Osijek; 34′ Oršić from soccer

 

 

Се вчитува...