Адеми се повреди, Динамо Загреб го освои Казахстан

Динамо Загреб направи уште еден голем чекор напред кон групната фаза од Лигата на шампионите, откако тимот на нашиот Аријан Адеми како гостин славеше во Казахстан над Астана со 0-2.

Астана беше без пораз на домашните средби во европските квалификации во последните години, но тоа беше само мотив повеќе за „модрите“, кои со максимално дисциплинирана игра стигнаа до огромна победа. Олмо беше човекот на одлука, откако младиот Шпанец асистираше до Будимир за првиот гол, пред самиот да ги постави конечните 0-2 со прецизен удар од дваесетина метри во второто полувреме.

Аријан Адеми беше стартер, но македонскиот репрезентативец заработи незгодна повреда поради која мораше да го напушти теренот на почетокот од второто полувреме. Останува да се види колку е сериозен проблемот и дали е загрозен настапот на Адеми на стартот од Лигата на Нации, закажан за околу еден месец.

Се вчитува...