Адеми се врати на терените во ремито на Динамо во дербито против Осијек

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Аријан Адеми се врати по паузата поради повреда во ремито (1-1) на неговиот Динамо Загреб во дербито на хрватскиот шампионат против Осијек.

Адеми доби шанса во 67. минута и ги одигра последните 25 минути од натпреварот. Гостите поведоа со голот на Фиолиќ во 16. минута, додека конечните 1-1 ги постави Бруно Петковиќ во 80. минута.

Вториот Македонец во дресот на „модрите“, Стефан Ристовски натпреварот го помина на клупата за резерви.

 

 

 

Се вчитува...