Адеми се врати од повреда и веднаш донесе победа за Динамо З.

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми се врати по паузата која ја имаше поради повреда и веднаш беше клучниот играч за победата на неговиот Динамо Загреб над Шибеник со 2-0.

Адеми во мечот влезе во 57. минута и веднаш ги разигра своите соиграчи, а беше и асистент на првиот гол кој го постигна Лаурицен во 68. минута. Конечните 2-0 ги постави Иванушец во 78. минута. Вториот наш репрезентативец во дресот на „модрите“, Стефан Ристовски доби поштеда на овој меч поради обврските кои ги имаше со националниот тим.

Се вчитува...