Адеми: Што може да се каже по еден таков меч? Величенствено…

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, со одлична партија и асистенција во убедливата победа од 4-0 на Динамо Загреб против Аталанта на стартот од групната фаза во Лигата на шампионите повторно, по четири години и онаа несреќна наводна „допинг афера“ се врати во најквалитетното европско клупско натпреварување.

Адеми се издвои како фудбалери со најголем нрој истрчани километри (10,56 км.) со составот на „модрите“ водејќи го тимот кој најави дека ќе се бори и за осминафинале во ЛШ.

„Не знам што може да се каже по еден ваков натпревар? Навистина феноменално. Ова е историја, кога на ваков начин ќе се победи вицешампионот на Италија. Мора да ги пофалам пред се соиграчите кои одиграа извонредно, но и навивачите и целата атмосфера која буди силни емоции. Но, не треба да застанеме само на ова, туку да продолжиме во ист стил и понатаму“ – истакна Адеми по синоќешниот натпревар на „Максимир“.

 

Се вчитува...