Адеми со асистенција учествуваше во убедливата победа на Пекинг Гуан

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми со асистенција учествуваше во убедливата победа на неговиот Пеникг Гуан од 6-2 против Кангжу во 9. коло од шампионатот на Кина.

Пекинг Гуан запиша убедлив триумф, а Адеми асистираше во 40. минута за голот на Канг Санг Ву за водство од 3-2 во тие моменти на неговиот тим. Македонскиот репрезентативец одигра 78 минути на натпреварот.

Пекинг Гуан по девет кола во кинеската Суперлига се наоѓа на шестата позиција со 14 бода.

Се вчитува...