Адеми со Динамо го освои Суперкупот на Хрватска, Велковски остана на клупата на Ријека

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми со својот Динамо Загреб стигнаа до трофејот во Суперкупот на Хрватска, натпревар кој се игра по пауза од пет години.

На натпреварот кој се играше на „Максимир“ во Загреб, Динамо стигна до триумф од 1-0 против освојувачот на Купот на Хрватска, Ријека. Стрелец на единствениот погодок беше Амер Гојак во 41. минута од средбата.

Адеми го одигра целиот натпревар за Динамо Загреб, додека Дарко Велковски не доби шанса да настапи на натпреварот останувајќи само на клупата за резервни фудбалер кај Ријека.

Се вчитува...