Адеми со Динамо против израелски Хапоел Бер Шева во 2. коло од ЛШ

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми со хрватскиот шампион Динамо Загреб ќе игра против подобриот од пресметката меѓу израелски Хапоел Бер Шева и Флора Талин од Естонија во 2. квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Факт е дека Израелците се огромни фаворити против Естонците во 1. квалификациско коло, па извесна е пресметка на Динамо Загреб со Хапоел Бер Шева.

Видеотон на Бобан Николов, пак, во 2. коло најверојатно ќе мора да се соочи со бугарскиот шампион Лудогорец.

Се вчитува...