Адеми со отечено стапало патува за Полска

Аријан Адеми ќе биде дел од репрезентацијата на Македонија во квалификацискиот меч против Полска во Варшава и покрај повредата која ја заработи на вчерашниот меч со Словенија. Адеми мораше прерано да го заврши дуелот против Словенија поради оток на стапалото, а на негово место влезе младиот Тошевски.

Сепак, по деталните прегледи кои беа направени утрово, потврдено е дека тој ќе биде во комбинација за настап на мечот против Полска. Адеми беше еден од најдобрите поединци во победата над Словенија и неговото присуство на теренот ќе биде од големо значење и на гостувањето во Полска.

Се вчитува...