Адеми стана татко, Аријан го доби синот Адријан

Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми има прекрасен викенд. Тој од вчера е среќен татко, откако неговата партнерка Андреа се породи и на свет го донесе синчето Адријан.

Малиот Адеми ќе има квалитетни фудбалски гени, бидејќи и дедото Јанко Јанковиќ, таткото на сопругата Андреа, е поранешен фудбалер на Риека и хрватски репрезентативец.

Аријан Адеми и Андреа се запознале играјќи падел во периодот кога тој беше под суспензија.

Се вчитува...