Адеми стрелаше во победата на Динамо над Сласк Вроцлав (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми беше стрелец на еден од головите за Динамо Загреб во победата од 3-2 против полски Сласк Вроцлав на пријателскиот натпревар за време на подготовките за вториот дел од сезоната во хрватскиот шампионат.

Перковиќ го отвори резултатот во 23. минута, но Полјаците израмнија со голот на Еспозито. Адеми во 32. минута беше стрелец на вториот гол за хрватскиот шампион за водство од 2-1.

Во финишот на првото полувреме Нахуел спогоди за Сласк за 2-2, а победата за Динамо ја донесе Бродиќ со голот од пенал во второто полувреме.

Се вчитува...