Адеми: Тешко ни е што не победивме, бевме поблиску до трите бода

ЕКИПА во Израел,

Никола Ѓуровски

Стрелецот на погодокот за Македонија во ремито (1-1) на гостувањето против Израел, Аријан Адеми вели дека сите во националниот тим жалат што не се стигна до триумф во Бер Шева иако бевме поблиску до трите бода од противникот.

„Мора да признам дека малку ни е тешко што не победивме. Бевме поблиску до триумф, имавме одлични шанси, но таков е фудбалот. Ремито апсолутно го заслуживме, но и многу повеќе. Повредата е минато за мене, па сигурно ќе бидам подготвен и за следниот натпревар. Одиме сега на победа во Летонија“ – изјави Адеми по дуелот со Израелците.

Се вчитува...