Адеми урна уште еден фантастичен рекорд на Динамо Загреб

Аријан Адеми продолжува да испишува нови страници во историјата на Динамо Загреб откако македонскиоте репрезентативец постави нов рекорд на хрватскиот фудбалски гигант.

Адеми беше избран во стартниот тим на Динамо за денешниот мега-дуел со Хајдук, со што нашиот ас стана фудбалер со најмногу настапи за Динамо во вечното дерби на хрватскиот фудбал.

Ова е вкупно 37. дуел на Адеми против Хајдук, севкупно во сите натпреварувања, со што Аријан го урна досегашниот рекорд што беше сопственост на Дражен Ладиќ.

Се вчитува...