Адеми уште пет години во Динамо Загреб: Клубот ми помогна кога ми беше најтешко

Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми му остана верен на Динамо Загреб. Клубот кој му помогна кога му беше најтешко во кариерата, при суспензијата, го доби потписот на Адеми и за следните пет сезони.

Капитенот на „модрите“ воопшто и не размислувал дали да ја продолжи соработката со хрватскиот првак.

„Пресреќен сум што потпишав и овој договор покажува колкава е љубовта меѓу мене и Динамо Загреб. Во ниту еден момент не размислував. Динамо беше со мене кога ми беше најтешко. Сакам повторно да влеземе во Лигата на шампионите и сакам и понатаму да освојувам титутли. Желби? Имаме многу. Да презимиме во Европа, тоа уште не сме го направиле. Едноставно, овој клуб ми помогна многу и сакам да му се оддолжам. Го сакам овој клуб“, изјави емотивно Аријан Адеми на прес – конференцијата.

Сериозна понуда за Адеми ова лето испрати францускиот Лил, но Динамо Загреб сепак успеа да го задржи во своите редови.

Се вчитува...