Адеми успешно се рехабилитира, ќе биде подготвен за мечот во Милано од ЛШ

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми успешно ги надминува проблемите со повредата и ќе биде подготвен за најважните два натпревари на Динамо Загреб оваа есен во Лигата на шампионите.

Адеми има проблеми со стапалото, но како што информираат од Динамо Загреб ќе може да му помогне на тимот на дуелот против Аталанта во Милано, следната недела во Лигата на шампионите.

„Нема да игра со Хајдук, но Адеми ќе биде подготвен за мечот со Аталанта. Пред него се околу пет тренинзи кои ќе му помогнат да може да настапи на исклучителниот значајниот за нас меч од Лигата на шампионите“ – вели тренерот на „модрите“, Ненад Бјелица.

Адеми заработи повреда минатиот месец на натпреварот на Македонија против Словенија во квалификациите за ЕП 2020. Од тогаш малку игра во шампионатот, но повеќе од неопходен е за тимот на натпреварите од Лигата на шампионите бидејќи „модрите“ се борат за пласман понатаму во најквалитетното европско клупско натпреварување.

Се вчитува...