Адеми руши уште еден рекорд во Хрватска

Капитенот на Динамо, и актуелен македонски репрезентативец Аријан Адеми е клупски рекордер по многу параметри во ХНЛ, а во среда ќе има можност да сруши уште еден.

Адеми во моментов има најмногу одиграни дербија против Хајдук (14) на „Пољуд“ во Сплит. Од тие 14 меча, 13 се во првенството, и 1 во Купот на Хрватска. Во среда треба да го сруши рекордот, кој изнесува 15 дербија на „Пољуд“, кој го држи во моментов екс играчот на Хајдук, Срѓан Андриќ со 15 настапи (12 во првенство и три во Куп).

Адеми веќе е рекордер со 13 дербија во Сплит во првенството, или едно повеќе од Андриќ и Мујчин.

Најголемото хрватско дерби ќе се игра во среда во 19 часот, а победа Динамо ќе го доближи до нова титула во првенството. Покрај Адеми во составот на Динамо се очекува да се појави и Стефан Ристовски, додека на другата страна шанса ќе чека Јани Атанасов.

 

Се вчитува...