Адеми во изборот за најдобар фудбалер во Хрватска во последните педесет години

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Аријан Адеми е номиниран за најдобар фудбалер во Хрватска во последните 50 години во изборот на хрватскиот престижен весник „Вечерњи лист“.

Интересно е тоа што нашиот репрезентативец се најде во овој избор иако не игра за селекцијата на Хрватска. Сепак, како што пишуваат од „Вечерњи лист“ тој е во друштво на Модриќ, Бобан, Шукер, Ракитиќ, Просинечки поради тоа што оставил голем впечаток сите овие години играјќи во дресот на Динамо Загреб.

За потсетување Адеми ги има поминато сите младински категории на „коцкестите“, а има одиграно и три неофицијални натпревари за А-тимот на Хрватска.

Се вчитува...