Динамо Загреб вечерва ќе има тешка задача во првото елиминационо коло од Лига Европа, каде ќе се сретне со фаворизираната Севиља. Македонскиот репрезентативец и капитен на тимот од Загреб, Адеми истакна дека Севиља е фаворит во овој меч, но сепак не ги исклучува во целост шансите на неговиот тим.
Адеми во пресрет на дуелот со шпанскиот клуб изјави дека домаќинот е фаворит само на хартија, па воедно потенцираше дека понекогаш и помалите екипи знаат да изненадат.
„Сите почнавме многу добро оваа сезона. Три победи на почетокот, полесно ни е сега во пресрет на Севиља, имаме голема самодоверба. Тешко е да се каже што ќе се случи ако продолжиме да работиме и да играме како досега, титулата шампион нема да биде доведена во прашање. На хартија Севиља е голем фаворит, но понекогаш победуваат помалите екипи. Динамо нема однапред да крене „бело знаме“, се надевам дека ќе излеземе како победници“, порача македонскиот репрезентативец.
Севиља ќе биде домаќин на првиот натпревар, а реваншот ќе се одигра на „Максимир“ во Загреб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА