Адеми во тимот на колото во Хрватска (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми со голот против Локомотива, само ја потврди својата одлична форма во моментов. Така играчот од средниот ред, кој денеска треба да се јави на прозивката на репрезентацијата, се најде во тимот на 10. коло во првата ХНЛ.

Адеми го постигна првиот гол за Динамо од двата, со кој донесе водство за својот тим, и оствари уште една победа. „Модрите“ со оваа победа го имаат најдобриот старт во првенството во историјата, а тоа треба да биде доволно за уште една титула во домашниот шампионат.

Неговиот соиграч од екипата Стефан Ристовски поради повреда не настапи, и нема да биде во комбинација за дуелите со Грузија и со Бугарија.

Се вчитува...