Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми е пред реализација на трансфер во францускиот прволигаш Лил.
Како што пренесуваат денеска француските медиуми, Динамо Загреб и Лил се пред официјализирање на меѓусебен договор со кој Адеми би се преселил во Франција за 5 милиони евра.
Првата понуда која Лил ја испрати до хрватскиот шампион за услугите на Адеми изнесуваше 3,8 милиони евра. Но, откако истата беше одбиена од раководството на Динамо Загреб, денешните информации говорат дека за сума од 5 милиони евра двата клуба ќе се договорат за преселба на македонскиот фудбалер во Лил.
Адеми се врати на терените по суспензијата поради допинг-скандалот, веднаш се наметна како лидер на Динамо и си ја врати капитенската лента, но како што стојат работите тој сега заминува од „Максимир“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА