Адетокумбо како Зидан – му удри глава на противнички играч (видео)

Јанис Адетокумбо од некошаркарски причини се најде во центарот на вниманието на синоќешниот дуел меѓу Милвоки и Вашингтон, откако со глава удри противнички играч, потсетувајќи на легендарниот конфликт на Зинедин Зидан со Марко Матераци во финалето од СП 2006.

Грчкиот ас се изнервира откако му беше досудена лична грешка во напад над Мо Вагнер во втората четвртина, па реши самиот да ја бара правдата, со физички контакт со противникот. Судиите експресно реагираа и го исклучија Адетокумбо, за кого ова е трето исклучување сезонава и сигурно ќе добие суспензија од најмалку еден натпревар.

Милвоки и без помошта на главниот играч стигна до победа од 126-113.

Се вчитува...