Адидас ги „полуде“ навивачите на Јунајтед: „Десетката“ на Ибрахимовиќ веќе се продава

Спортскиот бренд „Адидас“ на својата онлајн продавница веќе започна да продава дресови на Манчестер јунајтед со името на Златан Ибрахимовиќ со бројот 10. Медиумите од Англија пред неколку дена најавија дека Ибра ќе потпише нов договор со „ѓаволите“, а со овој потег на „Адидас“ само ги потврдува истите гласини.

Доколку ова не е маркетинг трик, тогаш фановите на клубот можат да бидат презадоволни, искусниот Ибра ќе последниот дел од сложувалката на Мурињо, а шансите на Јунајтед за шампионска титула несомнено ќе се зголемат. Неговото влијание во соблекувалната е незаменливо, така што ќе биде од огромна корист во тимот и покрај тоа што нема да игра најмалку до крајот на декември.

ibra2

Неговото опоравување од повредата се одвива побрзо од очекуваното, токму затоа раководството на Манчестер се одлучи повторно да склучи соработка со популарниот Швеѓанец.

Минатата сезона Ибра на грбот го носеше бројот 9, оваа сезона Лукаку ја превзеде улогата на прв избор во нападот, додека „10-ката“ е слободна по заминувањето на Вејн Руни во Евертон.

Се вчитува...