„Адидас“ го тужи Рафиња за милион евра поради погрешни копачки

Фудбалерот на Барселона, Рафиња Алкантара, се соочува со тужба во износ од еден милион евра од германската компанија за спортска опрема „Адидас“. Тој не го испочитувал потпишаниот договор и носел копачки „Мизуно“ во периодот додека се уште имал валиден договор со „Адидас“.

Рафиња тврди дека всушност компанијата воопшто не го испочитувала и помогнала додека тој имал две тешки операции и отсуствувал од фудбалските терени. Но, адвокатите на „Адидас“ подготвиле тужба и бараат по 10.000 евра за секој ден во кој што го прекршил потпишаниот договор.

„Иако тој не е правен експерт, сигурно знае како треба да се однесува со потпишаните договори. Тие имаат правни последици“, истакнаа адвокатите на компанијата за спортска опрема.

Рафиња повторно е повреден и ќе паузира до крајот на сезоната, а сега ќе мора да води и правна битка за копачките.

Се вчитува...