Адиос Барса – Дејвис има нов клуб во Евролигата

Олимпија Милано по освојувањето на титулата во италијанското првенство експресно се фокусираше на засилување на играчкиот кадар, потпишувајќи договор со Американецот Брендон Дејвис.

Одличниот центар пристигнува од Барселона, откако не ги оправда очекувањата на каталонците пристигнувајќи од Жалгирис на барање на тренерот Јасикевичиус. Дејвис воопшто не доби понуда за нов договор со Барса, а од неколкуте понуди на маса што ги имаше за останување во Евролигата ја избра онаа од Милано.

„Среќен сум што дојдов овде, што станав дека од шампионот на Италија. Со нетрпение очекувам да почнам со работа со оваа квалитетна група на играчи“, изјави 31-годишниот Дејвис.

Се вчитува...