Адолф Хутер е нов тренер на Монако

Австрискиот стратег Адолф Ади Хутер од денеска и официјално е нов тренер на француски Монако, потврди клубот од Монте Карло.

53-годишниот Хутер со челниците на францускиот прволигаш потпипа договор до јуни 2025 година. Искусниот стратег се враќа, на тој начин, на тренерската работа по едногодишна пауза.

Последен негов клуб беше Борусија Менхенгладбах која ја предводеше во сезоната 2021/22, а претходно работеше и во Ајнтрахт Франкфурт, швајцарски Јанг Бојс како и австриските Салцбург, Алтах и Гредиг.

Се вчитува...