Фудбалерот на Нотингем Форест Таиво Авонији е ставен во индуцирана кома. Нигериецот заработи тешка повреда на стомакот откако удри во стативата за време на ремито со Лестер 2-2 во 36-то коло од Премиерлигата.
Голгетерот во тој момент се обиде да го блокира центаршутот на Еланг на крајот на натпреварот. 27-годишниот играч добиваше лекарска помош неколку минути. Иако се врати на теренот, сепак, мораше да го напушти теренот.
Неговиот клуб објави дека бил подложен на итна операција и дека добро се опоравува. „Дејли мејл“ објавува дека е во индуцирана кома по операцијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА