Јубилејното 50-то издание на интернационалниот турнир „Македонски бисер“ уште еднаш ја потврди силата на спортската традиција, посветеноста на младите борачи и значењето на поддршката од општествено одговорните компании. Како партнер на настанот, Адора Бизнис Групација ја истакнува важноста на вложувањето во спортот, младите таленти и иницијативите кои ја промовираат Македонија на меѓународен план.
- Годинава интернационалниот турнир „Македонски бисер“ одбележа 50 години јубилеј. Какво значење има за Адора Бизнис Групација поддршката на настан кој претставува дел од македонската спортска историја и традиција?
За Адора Бизнис Групација претставува чест да биде дел од јубилејното 50-то издание на турнирот „Македонски бисер“, настан кој е многу повеќе од спортски натпревар. Тој е симбол на традицијата, истрајноста и спортскиот дух што со децении се негува во Македонија. Поддршката на вакви настани е дел од нашата определба да придонесуваме кон зачувување и унапредување на вредностите кои обединуваат генерации и ја афирмираат нашата држава на меѓународен план.
- Во текот на турнирот видовме голем број млади борачи и спортски надежи. Колку е важно компаниите да инвестираат во младите таленти и во спортот како двигател на позитивни општествени вредности?
Инвестирањето во младите е инвестирање во иднината на државата. Спортот ги учи младите на дисциплина, посветеност, тимска работа и почитување на противникот, вредности кои се подеднакво важни и надвор од спортските терени. Затоа сметаме дека компаниите имаат општествена одговорност да ги поддржуваат младите таленти и да создаваат услови тие да ги развиваат своите потенцијали и да станат успешни луѓе и амбасадори на Македонија.

- Радовиш со децении е препознатлив по борењето и по шампионите кои произлегле од БК Бучим Радовиш. Како ја оценувате улогата на ваквите спортски настани во развојот и афирмацијата на локалната заедница?
Радовиш е еден од најпрепознатливите спортски центри во Македонија кога станува збор за борењето и со право го носи тој епитет. Ваквите настани имаат огромно значење бидејќи не само што ги промовираат спортот и младите спортисти, туку придонесуваат и за афирмација на градот, привлекување посетители и јакнење на локалниот идентитет. Успесите на генерации борачи се гордост не само за Радовиш, туку и за целата држава.
- По успешното јубилејно издание, дали Адора Бизнис Групација ќе продолжи да поддржува иницијативи кои придонесуваат за развој на спортот, младите и промоцијата на Македонија?
Поддршката на спортот, младите, образованието, културата и општествено одговорните проекти е дел од вредностите што Адора Бизнис Групација ги негува повеќе од две децении. Ќе продолжиме да поддржуваме иницијативи кои создаваат можности за младите генерации, придонесуваат за развој на заедниците и ја промовираат Македонија како земја на талентирани луѓе, спортски успеси и позитивни вредности.
„Македонски бисер“ е одличен пример како традицијата, талентот и посветената работа можат да создадат настан со меѓународен углед, а токму таквите вредности заслужуваат континуирана поддршка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
