По одлуката на Вардар и Работнички за преселба на своите натпревари од арената „Филип Втори“, откако сопственикот Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор од интерес на РМ (АДСДП) одлучи овој месец да ја зголеми цената за користење на стадионот, сега промена на комплетната ситуација.
Од АДСДП најавуват дека на итен состанок со сите засегнати страни ќе се разгледуваат опциите за изнаожање заедничко решение…, притоа од Акционерското друштво потенцирајќи дека новите цени биле донесени за да се спречи финансиски колапс на стадионот.
“Во интерес на изнаоѓање на заедничко прифатливо решение за сите страни кои се засегнати од новонастанатата состојба која произлезе со донесување на новиот ценовник за користење на Националната Арена Филип Втори, со кој стопанисува Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката (скретен назив АДСДП) – Скопје, a кој беше донесен со цел да се спречи финансиски колапс на стадионот и да се обезбеди понатамошно нормално функционирање на истиот, Ве информираме дека во тек е организирање на заеднички работен состанок кој има за цел изнаоѓање на позитивно решение во нај кус можен рок” – се вели во соопштението од АДСДП.
Како што е познато, реакцијата е за новите цени за домашното првенство кои се зголемени на 3.000 евра доколку натпреварот се игра во дневен термин, и 6.000 евра доколку е во вечерен термин, што е неприфатливо за Вардар и за Работнички.
Вардар вчера донесе одлука својот натпревар утре со Ренова да го игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, додека Работнички домашните натпревари ги игра на стадионот на Македонија ЃП во Ѓорче Петров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА