Раководството на Црвена Звезда ги презема сите мерки во обид да докаже дека не се точни обвинувањата што ги пласираше францускиот весник „Л’екип“ за „наместен“ резултат протув ПСЖ.
Според информациите што ги објави весникот „Политика“, српскиот клуб за случајот ја ангажирал адвокатската канцеларија „Дипон, Морети и Ве“ која има големи успеси во водењето на вакви случаи.
Оваа позната адвокатска канцеларија ја предводи Ерик Дипон Морети. Меѓу бројните клиенти што ги бранел Морети се и француските ракометари, браќата Никола и Лука Карабатиќ кои ги одбрани од обвинението дека местеле натпревар, и покрај тоа што беше утврдено дека се обложувале.
Интересен е и податокот дека Дупон Морети во својата адвокатска кариера има дури 144 ослободителни пресуди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА