АЕК Атина го сака Велковски уште во јануари

Атински АЕК би можела да биде следната дестинација за Дарко Велковски. АЕК беше заинтересиран уште летоска, но не дојде до неговите услуги, а сега според грчките медиуми ќе има нов обид. И тоа уште во јануари.

АЕК ќе преговара со Ријека за трансфер уште во јануари, но доколку тоа не дојде, тогаш ќе преговара со самиот Велковски за премин во јуни, кога му истекува договорот со хрватскиот тим.

Велковски беше на „мета“ на овој тим, меѓутоа на крајот остана „верен“ на Ријека. Исто така за Велковски има интерес и од Панатиниакос како и од неколку германски тимови. Тој во моментов е далеку од нов договор со хрватскиот тим, и се поизвесно е неговото заминување. Ако не во јануари, тогаш сигурно во јуни идната година.

Се вчитува...